Политика за приватност на личните податоци на LeanSEM

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Друштво за маркетинг и информатички технологии ЛЕАН СЕМ ДООЕЛ Скопје (во понатамошен текст LeanSEM) ги собира, користи и обработува податоците собрани од субјектите на личните податоци.

Информации за обработка и заштита на личните податоци

Со овие информации сакаме да Ве информираме во детали за обработката на Вашите лични податоци како:

  • корисник на услугите на LeanSEM,
  • подносител на пријава за вработување,
  • договорна страна при склучување на договор за деловна соработка, за извршување на услуга или работа,
  • за правниот основ и целите за обработка на податоците,
  • правата кои можe да ги остварите во врска со обработката на личните податоци.

1. Кој е одговорен за обработката на Вашите лични податоци ?

LeanSEM е Контролор кој врши обработка на Вашите лични податоци и е одговорен за обработка на Вашите лични податоци, како и за воспоставување на мерки за сигурност на податоците преку креирање на физички,технички и организациски мерки

2. Цел на обработка на личните податоци се:

  • Остварување на права и обврски од работен однос или друг договорен однос
  • Остварување на право на аплицирање на оглас за вработување и понатамошна обработка на вашата биографија и пропратни документи
  • Остварување на правата при користење на услугите и производите на LeanSEM
  • Остварување на деловна соработка
  • Достава на билтен за новости
  • Одговор на Ваше прашање/коментар оставен во контакт делот на нашата веб страна

3. Правни основи за обработка на личните податоци се:

  • Исполнување на законска обврска – Вашите лични податоци ги обработуваме заради законски обврски (пример обврска за чување на персоналното досие на вработените, чување на книга на вработени).
  • Исполнување на договорна обврска – Вашите лични податоци ги обработуваме и заради исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од Договорот за вработување и заради исполнување на други договорни обврски кои произлегуваат од некој друг комерцијален Договор, но во рамки на прописите утврдени во Законот за заштита на лични податоци и неговите подзаконски акти.
  • Легитимен интерес на компанијата – Легитимниот интерес прозилегува од меѓусебен облигационен однос, со цел на негова реализација (на пример: реализација на договор)
  • Изјава за согласност – Обработката на Вашите податоци, ако не е со законски основ можеме да извршиме само врз основа на Ваша дадена изречна согласност. Во тој случај ќе превземеме соодветни мерки, за благовремено, на транспарентен, разбирлив и лесно достапен начин да Ве известиме за целта на обработката за која ни е неопходна Вашата согласност за да можете да донесете информирана одлука за тоа дали сакате да ни ја дадете согласноста. Дополнително ќе бидете известени за Вашите законски права, како и начинот на повлекување на дадената согласност врз основа на Законот за заштита на личните податоци.

4. Кои категории на лични податоци ги обработуваме

  • Деловна соработка со LEANSEM: име и презиме на управител, седиште, ЕМБС и ЕДБ – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на договорна обврска.
  • Одговор на Ваше барање/прашање/коментар на веб страната: име, меил, компанија, телефон и коментар – Правен основ за обработка на овие личните податоци е Ваша дадена изречна согласност
  • Испраќање на е-билтен: електронска пошта – Правен основ за обработка на овие податоци е Ваша дадена изречна согласност
  • Користење на нашата веб страна: Користење на нашата веб страна: времетраење на посетата, видот на уредот што се користи, видот на прелистувачот што се користи (browser), видот на опреативниот систем (OS), веб страниците кои се прегледани, IP адресата, јазикот на кој прелистувате, термини кои сте ги користеле за пребарување на производи, географска локација – Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност при посета на веб страната (прифаќање на задолжителните колачиња).

5. За која цел се користат овие податоци

Наша цел е да Ви обезбедиме најдобра услуга. Ние, исто така, може да ги користиме информациите што ги собираме и чуваме за и од Вас за да ни помогне да ги водиме и подобриме услугата спрема клиентот во иднина. На пример, дадените информации може да и помогнат на LeanSEM да:

  • Ви обезбеди најдобра услуга
  • добиваме извештај за тоа колку се квалитетни нашите услуги
  • се испитуваат поплаки, правни тврдења и несаканите инциденти
  • ги задоволат потребите на клиентите во иднина

На кои категории на корисници може да им ги доставиме личните податоци:

  • Друштва за осигурување– со цел реализација на права од приватно осигурување на вработените (здраствено, пензиско или друг тип на осигурување);
  • Министерство за економија (со седиште: Јуриј Гагарин 15, Скопје 1000), со цел редовна комуникација со Секторот за заштита на потрошувачите
  • Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје), со цел плаќање даноци остварени од вршење на дејноста
  • Банки и други финансиски институции – со цел комуникација и регулирање на должничко-побарувачки односи меѓу потрошувачи и LeanSEM и вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на LeanSEM
  • Организација на потрошувачи на Македонија, во рамките на Министерството за економија(со седиште: ул. „50-та Дивизија“ бр. 10А,), со цел редовна комуникација, но најчесто информациите кои се споделуваат не се персонализирани
  • Министерство за внатрешни работи, (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје) во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти
  • Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.„Гоце Делчев“бр. 18), во случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или корисници
  • Нотари, извршители или адвокати, во случаи на потреба од правна помош
  • Државен пазарен инспекторат (со седиште ул. Луј Пастер бр. 1, кат 3
    Скопје
    ), со цел на достава на детали поврзани со извршена или планирана инспекција
  • Носители на јавни овластувања, Со цел спроведување на законот, под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган).

Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:

  • Усогласување со некоја законска норма
  • Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
  • Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста

Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци

  • Агенции за наплата на побарувања – со цел вршење на услуги за наплата на побарувања во должничко-доверителски односи со потрошувачи
  • Маркетинг агенции – со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности, за информирање на потрошувачи за нови продукти и новости поврзани со LeanSEM
  • Надворешни изведувачи на ИТ услуги – со цел вршење на услуги за одржување на системите, администрација и развој на системи и апликации, кои би можеле да имаат пристап до согласностите на потрошувачите или до податоци на вработените
  • Сметководители – со цел извршување на активности од областа на смеководството, давање примања на вработени, плаќање на должности и давачки.
  • Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци со цел водење на архивата кои може да имаат податоци за вработени или за клиенти

6. Пренос на податоци

LeanSEM, по потреба, на пример заради спроведување на Договор за користење на услуги од надворешни лица кога давателот на услугата е надворешно лице од странство, може да изврши пренесување на личните податоци во други држави што се членки на ЕУ или на ЕЕА и за тоа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци. LeanSEM исто така има право да изврши пренос на личните податоци и во други држави што не се членки на ЕУ или на ЕЕА, по претходно одобрение за пренос на личните податоци од Агенцијата за заштита на личните податоци односно по добиена Одлука за соодветност од страна на Агенцијата доколку проценила дека третата земја обезбедува соодветно ниво на заштита на личните податоци.

Колку долго ги чуваме Вашите податоци

Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос. Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години. Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Сите добиени согласност од страна на субјектите на личните податоци се чуваат 6 години или до повлекување од страна на субјектот на личните податоци.

Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на задржување.

7. Вашите права

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

  • да се информирате околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени, преку остварување на правото на пристап до информации утврдено во член 26;
  • да побарате од LeanSEM да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, согласно член 10;
  • да побарате од LeanSEM да ја ограничи обработката на лични податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат, согласно член 10;
  • да побарате од LeanSEM да ги избрише Вашите лични податоци, согласно член 10;
  • да поднесете барање до LeanSEM со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци, согласно член 8;
  • да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци.

8. Промена во политиката за приватност на личните податоци

Оваа политика на приватност е усвоена во 2023 година.

LeanSEM има право да ја ажурира оваа Политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме соодветно известување на нашата веб страна и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Субјектот на личните податоци се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

9. Контакт

Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: info@leansem.com

Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.

Офицер за заштита на личните податоци е: Елена Давитковиќ и истиот можете да го контактирате на следнава меил адреса: elena.d@leansem.com

АНЕКС број 1: Политика за приватност на личните податоци на веб-страната на LeanSEM

LeanSEM собира податоци за посетителите / корисниците на својата веб – страница (во натамошниот текст: „корисниците“), достапна на следниот линк: https://leansem.com/.

Веб-страницата може да вклучува линкови до други веб-страници кои се под одговорност на трети лица (физички или правни лица). Во никој случај LeanSEM не е одговорна за мерките за заштита и управување со личните податоци во однос на гореспоменатите веб- страници на трети лица.

Личните податоци кои се собираат преку веб-страната и онлајн сервисите на LeanSEM се потребни во моментот кога корисникот ќе ја побара услугата или посети страницата. LeanSEM може да ги обработи сите или дел од дадените лични податоци од корисниците со цел да ја обезбеди е-услугата како и за статистички/аналитички цели со цел подобрување на услугите и корисничкото искуство.

Поконкретно, LeanSEM ги собира следните податоци:

– Лични идентификациски податоци

LeanSEM може да собира лични идентификациски податоци од корисниците на разни начини, а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на веб- страницата и онлајн сервисите на LeanSEM.

Корисниците може да ја посетат страницата и анонимно преку „инкогнито моуд (incognito mode)“ на интернет пребарувачот.

LeanSEM ги собира личните идентификациски податоци од корисниците само доколку тие самите се согласат да ги достават до LeanSEM. Истите можат во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски податоци.

Лични податоци кои LeanSEM може да ги собира и обработува кога ги посетувате веб- страницата или останатите онлајн услуги, се податоците добиени од страна на колачињата.

– Идентификациски податоци што не се лични

LeanSEM може да собира и идентификациски податоци за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат веб – страницата или онлајн сервисите на LeanSEM. Идентификациските податоци што не се лични може да вклучуваат:

  • Data tracking, односно името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на веб – страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет – услугата и слични информации,
  • Времетраење на посета како и времетраење на одреден проблем кој настанал при користењето на веб-страницата или онлајн сервисите,
  • Псевдоминизиран ID (единствен идентификациски број) кој се чува со цел да се идентификува корисникот кога повторно ја посетува веб-страницата,
  • Маркетинг податоци, односно податоци кои укажуваат на LeanSEM кои реклами и промоции ги прегледал корисникот и сл.,
  • Локациски информации, односно податоци за локацијата од каде е отворена веб- страницата или е пристапено кон онлајн сервисите.

Сите овие информации се собираат со цел да се креира псевдоаномизиран профил на корисник. На овој начин се заштитуваат личните податоци на корисникот.

“Колачиња (анг.: Cookies)”

Веб – страницата на LeanSEM може да користи „колачиња” со цел да се подобри корисничкото искуство, да се подобри пристапот до одредени услуги на LeanSEM, да се идентификуваат најчесто посетуваните области како и да се процени ефективноста на на веб – страницата но притоа не се обработуваат личните податоци на корисникот. „Колачињата“ се мали текстуални (text) фајлови кои се испраќаат до компјутерот на корисникот со цел да се обезбеди техничка функционалност на веб-страницата и да се персонализира корисничкото искуство (пр. „колаче“ кое ги памти преференциите на корисникот при следна посета на веб-страницата).

LeanSEM користи „колачиња“ кои спаѓаат во три категории:

  • Строго неопходни колачиња. Овие колачиња се секогаш активни поради функционалноста на веб-страницата.
  • Аналитички колачиња. Податоците кои се обработуваат со овие колачиња се поврзани со начинот на кој се користи веб-страницата од страна на корисниците (од каде доаѓа посетителот, кои страници ги посетува, и сл.). Овие податоци не се користат за маркетинг или други цели освен за подобрување на корисничкото искуство на посетителот.
  • Маркетинг колачиња. LeanSEM не користи „колачиња“ кои собираат податоци кои потоа се обработуваат за маркетинг цели. Истовремено, има воспоставено колаче од Google AdSense (трета страна) за нивни маркетинг цели (таргетирање на посетителите додека посетуваат различни веб-страници). Истите се користат согласно Политиката за приватност на Google.
  • Колачињата од трети страни. Колачиња од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на LeanSEM и LeanSEM нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени.

За целосна транаспарентност, во продолжение преглед на колачињата кои би можела да ги користи веб-страницата на LeanSEM:

„Колаче“НаменаПериод на траењеТип
_cookieConsentСе користи со цел да го памети изборот на посетителот во однос на „колачињата“ при наредна посета.1 годинаСтрого неопходно
_gid"Се користи од Google Analytics со цел да памти/зачува информација како посетителите го
користат веб-сајтот и помага при креирање на аналитички извештаи за функционалноста на веб- страницата.
Податоците кои ги собира се: број на посетители, извор од каде доаѓаат посетите, и страниците кои се посетуваат анонимно."
24 часаАналитички
_gaСе користи од Google Analytics со цел да регистрира единствен ID на посетителот со што потоа се генерираат статистички податоци како посетителот ја користи веб-страницата.2 годиниАналитички
_gcl_auСе користи од Google AdSense да го прати користењето на сајтот на корисникот за маркетинг цели.90 денаМаркетинг
_utmbСе користи од Google Analytics да разликува нови сесии и посети.30 минутиАналитички
_utmzСе користи од Google Analytics да го идентификува изворот на сообраќајот, при што LEANSEM добива информација од каде посетителот дошол до веб- страницата на LeanSEM.6 месециАналитички
_utmcСе користи од Google Analytics да детектира нови наспроти посетители кои повторно ја посетуваат веб-страницата. Колачето чува податоци се додека посетителот е на сесијата.По сесијаАналитички
_utmtСе користи од Google Analytics да ги контролира/ограничува операциите на посетителот во даден период.10 минутиАналитички
_utmaСе користи од Google Analytics да прави разлика помеѓу посетител и сесија.2 годиниАналитички

При првата посета на веб-страницата на LeanSEM посетителот добива информација за политиката на „колачиња“ на LeanSEM и дава согласност за користење на истите. Во таа насока, напоменуваме дека „колачињата” коишто се неопходни од технички аспект со цел корисниците да ја користат веб – страницата на LeanSEM не е можно да се исклучат. Во однос на останатите видови “колачиња”, коишто не се неопходни за општата функционалност на веб – страницата, предвидена е можност да ги одбиете или да се согласите да ги прифатите. Корисниците може во секој момент да ги изменат преференциите.

Дополнително, користењето на веб-страницата на LeanSEM не е условена од прифаќањето на  колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за корисничкото искуство на посетителот.

ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • За подобрување на функционалноста на веб-страницата и онлајн сервисите

LeanSEM постојано се стреми да ја подобри понудата на својата веб – страница и онлајн сервиси базирано на повратните информациите што ги добиваме од корисниците.

  • За подобрување на услугите на LEANSEM кон клиентите

Личните податоци помагаат поефикасно да одговориме на барањата на корисниците за дадени услуги или поддршка што им е потребна (пр. процесирање на трансакции, верификација на идентитет, спречување измами, аналитика, итн.).

БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Како што е опишано во Политиката за приватност на LeanSEM, LeanSEM применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на личните податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на веб – страницата или онлајн сервисите на LeanSEM.

ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на веб – страницата на LeanSEM, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, и други трети лица. LeanSEM не ја контролира содржината или врските што се присутни на тие страници и не е одговорна за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од веб – страницата на LeanSEM. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или сервиси може да имаат сопствена Политика за приватност на личните податоци на нивните веб- страници и посебна Политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со било која друга страница, вклучувајќи ги и страниците што имаат врски кон веб – страницата на LeanSEM е  предмет на конкретните правила и политика на односните страници.

ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

LeanSEM има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на личните податоци на веб – страната на LeanSEM, со цел усогласување со важечката правна рамка. Во ваков случај, LeanSEM ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.

АНЕКС број 2: Политика за приватност на личните податоци на вработените на LeanSEM

Оваа Политика се однесува на вработените на LeanSEM, на практикантите и волонтерите во LeanSEM, вработените со договор на дело и на ангажирани лица (во понатамошниот текст: “вработени”).   Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги обработува LeanSEM за вработените во  LeanSEM, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, заштитата, итн..

Категории на лични податоци на вработените што LeanSEM ги обработува

Врз основа на Законот за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи, Законот за практиканство, Законот за волонтерство и други законски и подзаконски акти од оваа област како и заради исполнување на договорните обврски со вработените на LeanSEM, LeanSEM ги обработува следните лични податоци:

  • име, презиме и татково име на работникот;
  • единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ);
  • ден, месец и година на раѓање;
  • место на раѓање (општина, населено место и држава);
  • пол (машки-женски);
  • живеалиште и адреса (општина, населено место, улица и број и држава);
  • припадност на заедниците;
  • религиска припадност;
  • учество во синдикат;
  • место на работа (општина, населено место, улица и број, држава);
  • степен и вид на завршено образование (без образование, основно училиште, средно училиште, вишо, факултет, магистри и доктори на наука);
  • степен на стручна подготовка,
    • завршени програми   за    стручно   оспособување   (обука,    доквалификација   и преквалификација) и
    • посебни знаења и способности (компјутерски способности, знаење на странски јазици и други вештини);
  • шифра и опис на занимање;
  • работно време на работникот (полно работно време или скратено);
  • стаж на осигурување до стапувањето на работа кај работодавачот;
  • траење на работниот однос:
    • на неопределено време и
    • на определено време;
  • број на трансакциска сметка;
  • износ на плата;
  • податоци за дисциплински постапки и изречени парични казни;
  • дали е трудов инвалид (здравствени податоци);
  • датум на засновање на работниот однос;
  • датум на престанок на работниот однос;
  • основа за престанок на работниот однос.

Цели на обработка на личните податоци на вработените на LeanSEM

Во однос на целите на обработката, истите се елаборирани во  Политиката         за приватност на LeanSEM, односно за цели за исполнување на законски обврски на LeanSEM, како и исполнување на договорните обврски со вработените на LeanSEM.

Дополнително, LeanSEM ги обработува личните податоци на вработените на LeanSEM и за потребите на легитимниот интерес на LeanSEM, во следните ситуации:

  • Носење одлука за внатрешно распоредување по сектори, унапредувања, итн…;
  • Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;
  • Обезбедување на договорни бенефиции за вработените;
  • Одржување на сеопфатна, ажурирана евиденција за вработените на LeanSEM, со цел да се осигури, меѓу другото, воспоставување на ефикасна коресподенција и одржување на соодветни точки за контакт во случај на некоја итност;
  • Ефикасно следење на работењето и ефикасност и преземање соодветни активности, доклку се појави таква потреба;
  • Проценка за потребите за обуки;
  • Ефективно управување за боледувања и одмори на вработените;
  • Управување со системот за законско отсуство од работа и плата, како што се породилно отсуство, неплатен одмор, и слично;
  • Деловно планирање и реструктуирање;
  • Справување со правни постапки против LeanSEM;
  • Спречување на измами;

Безбедност на обработка на лични податоци

LeanSEM ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци на вработените се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на лични податоци

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, LeanSEM ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката. Во текот на времетраењето на вработувањето, личните податоци на вработените се водат во евиденцијата на вработени, а по престанокот на работниот однос, во согласност со Законот за архивски материјал, Политиката за чување и уништување на документи и електронски записи и Законот за евиденции од областа на трудот, се чуваат како документ од трајна вредност. Во однос на другите податоци од досието, периодот на чување на податоците може да варира, во зависност од целите на обработката на личните податоци.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Снимките направени од видео надзорот се чуваат 30 денови по што автоматски се бришат.

Автоматско донесување на поединечни одлуки

LeanSEM не ги обработува личните податоци на вработените за носење автоматски одлуки поврзани со вработените.

АНЕКС број 3: Политика за приватност на личните податоци на кандидатите за вработување во LeanSEM

Оваа Политика се однесува на кандидатите за вработување во LeanSEM (во понатамошниот текст: “кандидати”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги чува LeanSEM за кандидатите за вработување, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, итн..

Категории на лични податоци на кандидатите за вработување што LeanSEM ги обработува

LeanSEM ги обработува следните лични податоци на кандидати за работа:

  • Име и презиме, адреса, датум на раѓање, телефонски број;
  • Слика и тоа единствено со изречна согласност од кандидатот, дадена во согласност со Законот за заштита на личните податоци;
  • пол;
  • информации вклучени во CV-то, вклучвајќи степен на образование и историја на вработување;
  • документација за потврдување на правото кандидатот да работи во Република Северна Македонија;
  • возачка дозвола (за одредени работни позиции).

Цели на обработка на личните податоци на кандидатите за вработување во LeanSEM

Дополнително, LeanSEM има легитимен интерес да ги обработува личните податоци на кандидатите за вработување заради следниве цели:

  • Носење одлука кому да му се понуди вработување од кандидатите пријавени за работното место, внатрешно распоредување по сектори, унапредувња и слично;
  • Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;
  • Проценка за потребите за обуки.

Доколку апликацијата не е успешна и на кандидатот не му е понудено работното место, личните податоци нема да бидат употребени за било каква друга причина. Истите ќе бидат уништени од базата на податоци на LeanSEM. При горниот случај, LeanSEM може да побара согласност од кандидатот за да ги зачува неговите лични податоци во базата на податоци на потенцијални кандидати за вработување, во случај да се појават соодветни слободни работни места во организацијата за кои смета дека би сакале да аплицираат во рок од 1 година.

Корисници и пренос на Вашите лични податоци

Како кандидат за вработување во LeanSEM, LeanSEM ги открива личните податоци на раководителот на Секторот за работното место за коешто аплицирал кандидатот, како и на останатите вработени лица во LeanSEM задолжени за интервјуирање и селекција на кандидати.

Безбедност на обработка на личните податоци

LeanSEM ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на личните податоци

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, LeanSEM ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката, а истото зависи од тоа дали апликацијата на кандидатот ќе биде успешна или неуспешна.

Доколку апликацијата е неуспешна, и притоа LeanSEM нема согласност од кандидатот да ги чува неговите лични податоци за идни отворени работни позиции во LeanSEM, личните податоци ќе ги чува најмногу 60 дена од денот на завршување на изборот за работната позиција.

Доколку LeanSEM побарала и добила согласност за чување на личните податоци за идни отворени работни позиции во LeanSEM, податоците ќе ги чува во период од 1 година.

По завршување на овој период LeanSEM ќе ги уништи личните податоци, освен во случај ако порано кандидатот ја повлекол согласноста.

Доколку апликацијата е успешна, личните податоци ќе бидат пренесени во евиденцијата на вработени на LeanSEM.

====================================================================================================

Политика за колачиња при посета на веб страната на LeanSEM

Кога ке дојдете на нашиот сајт или ги користите нашите услуги, LeanSEM, но и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за Вас. Во продолжение следи објаснување за политиката за користење на колачиња.

Ги користиме колачињата за да ја администрираме нашата интернет страна, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами.

Кога прв пат ќе пристапите на интернет страната на LeanSEM може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

На известувањето има копче “Поставки за колачиња„ со цел Вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета ќе бидат зачувани. Кај секој тип на колачиња е наведено објаснување за истите а детално обаснување за типовите на колчиња можете да прочитате во продолжение на оваа политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и користењето на истите може да биде отповикано во било кое време (Како да ги контролирате колачињата, содржано подолу во текстот). Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од било кој уред во било кое време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашиот сајт кои ги пристапувате може да не функционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот храд диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.

Колачињата кои што се директно поставени од сајтот https://leansem.com/ се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”.

Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, функции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на LeanSEM и LeanSEM нема контрола врз нив и како тоа ќе бидат истите искористени.

Зошто се користат колачињата?

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.), но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците. Оваа веб-страница употребува различни видови колачиња:

Колачиња што ние ги користиме:

Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно.

Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб- страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.

Колачиња за перформанси и функционалност. Овој тип на колачиња се однесува на следењето за тоа доколку повторно се вратите на нашиот сајт. Овие колачиња содржат неопходни информации, на пример од кој град пристапувате кон LeanSEM. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашиот сајт. 

Колачиња за трети страни. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на LeanSEM и LeanSEM нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени.

Како да ги контролирам колачињата?

Кога прв пат ќе пристапите на интернет страната https://leansem.com/ може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавување дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. 

На известувањето има копче “Поставки за колачиња„ со цел Вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета на https://leansem.com/ ќе бидат зачувани. Поточно може да одберете кои од претпочитаните колачиња кои не се задолжителни ќе бидат зачувани.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач.

Рок на чување на колачиња

КолачеРок на чувањеОпис
moove_gdpr_popup1 месецКолачето е поставено да зачувува дадени согласности за користење на колачиња
ppwp_wp_session Колачето е поставено да зачувува дадени согласности за користење на колачиња
Аналитика

Колачињата за аналитика се употребуваат за да се разбере како посетителите вршат интеракција со страната. Овие колачиња помагаат да се овозможи информација за метрики како број на посетители, рата на одбивање, извор на сообраќај и слично.
_ga730 деновиОва колаче е поврзано со Google Universal Analytics – што е значителен апдејт на почесто користената услуга за аналитика на Google. Ова колаче се користи за да се разликуваат единствени корисници со доделување на случајно генериран број како идентификатор на клиент. Тоа е вклучено во секое барање страница на страница и се користи за пресметување на податоците за посетители, сесии и кампањи за аналитичките извештаи на страниците.

Стандардно е поставено да истече по 2 години, иако ова е прилагодливо од сопствениците на сајтот.
_gatНеколку секундиОва колаче се користи за контролирање на стапката на посетеност. Ова се колачиња од трета страна што се поставени на вашиот уред за да ни овозможат да ја користиме услугата Google Analytics. Овие колачиња се користат за собирање информации за тоа како посетителите ја користат нашата веб - страница.
_gid1 денОва колаче е инсталирано од Google Analytics. Ова колаче се користи за да се зачува информацијата како посетителите го користат сајтот и помага во креирање на аналитички извештаи за искористеноста на сајтот.
1P_JAR1 месецОваа група поставува единствен ИД за да ги запомни вашите преференции и други информации, како што се статистика на веб - страница и следење на стапките на конверзија. Политиките на Google може да се видат на https://policies.google.com/technologies/types
Реклама

Колачињата за реклами се користат за да им овозможат на корисниците значајни реклами и маркетинг кампањи. Овие колачиња ги следат корисниците низ разни сајтови и собираат информации за да овозможат персонализирани реклами.
КолачеРок на чувањеОпис
AnalyticsSyncHistory1 месецКолачето е поставено од LinkedIn. Функционалноста е да зачува единствен кориснички ID со цел маркетинг/следење.
UserMatchHistory1 месецКолачето е поставено од LinkedIn. Функционалноста е да зачува единствен кориснички ID со цел маркетинг/следење.
_guid90 деновиКолачето е поставено од LinkedIn. Функционалноста е да обезбеди превенција од измами со цел маркетинг/следење.
bcookie2 годиниКолачето е поставено од: LinkedIn. Функционалноста е да обезбеди испорака на реклами или повторно насочување со цел маркетинг/следење.
langКога ќе го исклучите пребарувачотКолачето е поставено од LinkedIn. Функционалноста е да складира детали за прелистувачот со цел маркетинг/следење.
li_sugr90 деновиКолачето е поставено од LinkedIn. Функционалноста е да складира детали за

прелистувачот со цел маркетинг/следење.
liap63 деновиКолачето е поставено од LinkedIn.
lidc1 денКолачето е поставено од LinkedIn. Функционалноста е да складира детали за прелистувачот со цел маркетинг/следење.
lms_ads1 месецКолачето е поставено од LinkedIn. Функционалноста е да зачува единствен

кориснички ID со цел маркетинг/следење.
lms_analytics1 месецКолачето е поставено од LinkedIn. Функционалноста е да зачува единствен кориснички ID со цел маркетинг/следење
DSID2 неделиКолачето е поставено од Google DoubleClick.

Функционалноста е да складира детали за прелистувачот со цел маркетинг/следење
IDE95 деновиКолачето е поставено од Google DoubleClick.

Функционалноста е да складира детали за прелистувачот со цел маркетинг/следење

Генерални информации

Политиката за колачиња е дел од системот за заштита на лични податоци. За повеќе информации може да ја погледнете нашата Политиката за приватност или другите јавно достапни документи. 

Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евентуални промени.

====================================================================================================

Информации за приватност на субјектот на лични податоци

Со овој документ, ние како Контролор на лични податоци – Друштво за маркетинг и информатички технологии ЛЕАН СЕМ ДООЕЛ Скопје (во понатамошен текст LEANSEM), со седиште: Женевска бр.17Б-1 Скопје, со електронска пошта info@leansem.com – овозможуваме информации за обработката на личните податоци и Вашите права поврзани со оваа обработка.

Нашата визија за заштита на личните податоци:

LEANSEM посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, кои се подетално разработени во интерните Политики и процедури кои го сочинуваат системот на заштита на лични податоци на LEANSEM.

Нашата политика на приватност е прикачена на веб страната на LeanSEM: https://leansem.com/personal-data-protection/

Цел, опис и категории на лични податоци кои се предмет на обработка:

  • Пријави за вработување: име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи.
  • Вработување: име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење, државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи.
  • Деловна соработка со LEANSEM: име и презиме на управител, седиште, ЕМБС и ЕДБ – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на договорна обврска.
  • Одговор на Ваше барање/прашање/коментар на веб страната: име, меил, компанија, телефон и коментар – Правен основ за обработка на овие личните податоци е Ваша дадена изречна согласност
  • Испраќање на е-билтен: електронска пошта – Правен основ за обработка на овие податоци е Ваша дадена изречна согласност
  • Користење на нашата веб страна: Користење на нашата веб страна: времетраење на посетата, видот на уредот што се користи, видот на прелистувачот што се користи (browser), видот на опреативниот систем (OS), веб страниците кои се прегледани, IP адресата, јазикот на кој прелистувате, термини кои сте ги користеле за пребарување на производи, географска локација – Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност при посета на веб страната (прифаќање на задолжителните колачиња).

Опис на целта на обработувањето:

Наша цел е да Ви обезбедиме најдобра услуга. Ние, исто така, може да ги користиме информациите што ги собираме и чуваме за и од Вас за да ни помогне да ги водиме и подобриме услугата спрема клиентот во иднина. На пример, дадените информации може да и помогнат на LeanSEM да:

  • Ви обезбеди најдобра услуга
  • добиваме извештај за тоа колку се квалитетни нашите услуги
  • се испитуваат поплаки, правни тврдења и несаканите инциденти
  • ги задоволат потребите на клиентите во иднина

Правен основ за обработка на вашите лични податоци:

  • Исполнување на законска обврска – Вашите лични податоци ги обработуваме заради законски обврски (пример обврска за чување на персоналното досие на вработените, чување на книга на вработени).
  • Исполнување на договорна обврска – Вашите лични податоци ги обработуваме и заради исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од Договорот за вработување и заради исполнување на други договорни обврски кои произлегуваат од некој друг комерцијален Договор, но во рамки на прописите утврдени во Законот за заштита на лични податоци и неговите подзаконски акти.
  • Легитимен интерес на компанијата – Легитимниот интерес прозилегува од меѓусебен облигационен однос, со цел на негова реализација (на пример: реализација на договор)
  • Изјава за согласност – Обработката на Вашите податоци, ако не е со законски основ можеме да извршиме само врз основа на Ваша дадена изречна согласност. Во тој случај ќе превземеме соодветни мерки, за благовремено, на транспарентен, разбирлив и лесно достапен начин да Ве известиме за целта на обработката за која ни е неопходна Вашата согласност за да можете да донесете информирана одлука за тоа дали сакате да ни ја дадете согласноста. Дополнително ќе бидете известени за Вашите законски права, како и начинот на повлекување на дадената согласност врз основа на Законот за заштита на личните податоци.

Што е електронско известување:

Електронско известување е секое правно обврзувачко известување кое произлегува од облигациониот однос помеѓу корисникот и нашата компанија, за кое корисникот дал согласност да се проследи по електронски пат , како замена за известувањето по пошта

Што е директен маркетинг:

Секој вид на комуникација остварена на било кој начин со цел испраќање на рекламен, маркетиншки или пропаганден материјал која е насочена директно до идентификуван корисник.

Права на Корисниците- субјекти на лични податоци

Субјектите на личните податоци имаат право да:

  • бидат информирани за обработката на нивните лични податоци
  • да пристапат до нивните лични податоци и
  • да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на нивните лични податоци.

Во продолжение, следува детално појаснување во однос на овие права:

  • Во фукнција на транспарентност, LEANSEM има обврска да го извести корисникот за целите и правната основа на обработката на неговите лични податоци
  • Секој корисник има право да пристапи до своите лични податоци

Барањето за пристап до податоците се доставува до писмена форма до седиштето на LEANSEM или се пополнува на на некој од дигиталните канали на LEANSEM.

LEANSEM е должен да одговори на корисникот во рок од 15 дена од денот на примеот на барањето, при што нема обврска повторно да одговори на исто или слично негово барање, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Доколку коринсикот не добие одогвор на барањето за пристап до лични податоци, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.

Корисникот има право да бара дополнување, изменување, бришење или запирање на користењето на неговите лични податоци.

По барање на корисникот, LEANSEM е должен да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не во согласност со закон. Независно од тоа дали корисникоот има поднесено барање за дополнување, изменување или бришење на личните податоци, доколку LEANSEM утврди дека личните податоци се нецелосно, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише.

LEANSEM е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот на лични податоци за направените промени.

Рок на чување на вашите лични податоци:

Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.

Дадените согласности од страна на субјекот се чуваат 6 години или до повлекување на согласноста од страна на субјектот.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на задржување.

Категории на обработувачи на кои би можеле да пренесеме лични податоци:

  • Друштва за осигурување– со цел реализација на права од приватно осигурување на вработените (здраствено, пензиско или друг тип на осигурување);
  • Министерство за економија (со седиште: Јуриј Гагарин 15, Скопје 1000), со цел редовна комуникација со Секторот за заштита на потрошувачите
  • Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје), со цел плаќање даноци остварени од вршење на дејноста
  • Банки и други финансиски институции – со цел комуникација и регулирање на должничко-побарувачки односи меѓу потрошувачи и LeanSEM и вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на LeanSEM
  • Организација на потрошувачи на Македонија, во рамките на Министерството за економија(со седиште: ул. „50-та Дивизија“ бр. 10А,), со цел редовна комуникација, но најчесто информациите кои се споделуваат не се персонализирани
  • Министерство за внатрешни работи, (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје) во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти
  • Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.„Гоце Делчев“бр. 18), во случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или корисници
  • Нотари, извршители или адвокати, во случаи на потреба од правна помош
  • Државен пазарен инспекторат (со седиште ул. Луј Пастер бр. 1, кат 3 Скопје), со цел на достава на детали поврзани со извршена или планирана инспекција
  • Носители на јавни овластувања, Со цел спроведување на законот, под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган).

Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:

  • Усогласување со некоја законска норма
  • Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
  • Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста

Извори на лични податоци:

Ние ги добиваме личните податоци директно од Вас преку започнување на деловен однос, или преку дадена изречна изјава за согласност.

Автоматско одлучување врз основа на личните податоци:

При обработка на личните податоци не се случува автоматско одлучување.

Кои се Вашите права?

Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на Вашите лични податоци, приговор и преносливост), упатете барање на електронската адреса на офицерот за заштита на личните податоци: elena.d@leansem.com

Доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекшување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.