Стани дел од нашиот тим!

“Веруваме дека сите луѓе се раѓаат еднакви, но можностите не. Постоиме за да ја премостиме оваа разлика за сите таленти во Македонија.”

Во потрага сме по талентирани и амбициозни Македонци кои пред сѐ размислуваат критички и се фокусирани на резултати. Без разлика на твоето искуство, ако сакаш кариера во дигитален маркетинг, не постои друга компанија во Скопје со ментори кои ќе ти помогнат да се справиш со реални бизнис предизвици и каде што ќе може да направиш вистински impact.

Ќе имаш можност да стигнеш од Specialist до Senior Manager за 1 година и да напредуваш во зависност од вредноста која ја носиш. Ќе добиеш менторство од врвни дигитал маркетинг експерти и можност за годишни патувања до Сан Франциско, каде што ќе се запознаеш со твоите клиенти! Но, потребно е да имаш амбиција, самодоверба и пасија за да станеш маркетер од светска класа.

Не аплицирај доколку само сакаш работа, или сакаш лесна работа за висока плата. Само оние кои се подготвени да се предизвикаат самите себе, ќе успеат. Потребно е одлично познавање на англиски јазик, како и аналитичко и критичко размислување. Освен ова, потребно е да си core value fit.

Кои сме и што правиме?

Работиме со клиенти од Силиконската Долина, и нивниот најголем предизвик е скоро секогаш – раст. Нашите клиенти трошат најмалку $30K месечно и планираат да потрошат 10 пати повеќе доколку успееме да најдеме профитабилни можности. Или, попрецизно кажано – сакаат повеќе клиенти, за помалку пари.

Како да го намалиме нивниот трошок по конверзија?
Како да потрошиме повеќе и да добиеме поголем volume?

Да се биде проактивен и да се најдат следните можности за постигнување на резултати е дел од од премиум услугата која ја нудиме. Секогаш носиме вредност, и таа посветеност им помага на нашите клиенти да растат. Работиме со луѓе кои се експерти во тоа што го прават, кои точно разбираат што правиме и колку сме добри во истото. Ја имаме експертизата за да ги надминеме нивните цели и очекувања, секој месец.

Доколку си личност која се гордее да оди above and beyond и ужива да решава проблеми – аплицирај!

Некои од предностите кои ги нудиме:

  • 1:1 менторство со месечни евалуации и редовен feedback
  • Унапредување веднаш штом ги постигнеш поставените цели. Сакаме да прогресираш, as fast as possible.
  • Годишни бонуси од 2 до 12 плати, во зависност од резултатите кои си ги постигнал, како и резултатите на целата компанија
  • Можност за директна соработка со тимови за поддршка од Google, Facebook и LinkedIn
  • Бесплатни ручеци во петок, со тимски тренинг сесии
  • Можност за патувања во Силиконската Долина, Калифорнија

Отворени позиции